Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ:  Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Правда мора да има!  Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати.  Правната држава функционира, неселективно за сите, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки.  Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој случај.

— реклама —

Иако и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите.

Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.  Одговороност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или на било каква друга припадност.

Обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока нема да успеат. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата.

Нема правда, нема мир, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања