Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Градиме по план, интензивна реконструкција на оштетените булевари и улици во Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Градската администрација предводена од СДСМ во изминатиот период реализација низа проекти за реконструкција и рехабилитација на клучни сообраќајници со цел развој и  унапредување на инфраструктурата во главниот град. За само 20 дена работа на терен,  заврши реконструкцијата на улицата Љубљанска, во општина Карпош, којашто е една од најфреквентните улици во овој дел на градот. При тоа, беа реконструирани  вкупно 441 метар, а во следната фаза предводена е реконструкција на  тротоарите долж улицата и ново зеленило во околината, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Претходно, за рекордно време, за помалку од 2 недели, заврши и реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски. При тоа се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и се постави нов асфалт во три слоја. Реконструкцијата се изврши на потег во должина од 240 метри, односно на површина од 3.750 квадратни метри.

Истовремено интезивно се работи на реконструкција на булеварот „Партизански одреди“, каде што за само три дена од почетокот на реконструкцијата целосно е отстранет оштетениот и стар асфалт од коловозот на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата „Лондонска“ и интензивно се работи на асфалтирање.

— реклама —

Градежните активности на терен  продолжуваат  со ист интензитет со цел реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница да биде завршена во најбрз можен рок.

Во текот на претстојното лето град Скопје најави  реконструкција на уште  улици и булевари што се во нивна надлежност , вклучително и пробивањето на три булевари кои претходно не постоеле.

Градската власт предводена од СДСМ низ конкретни примери покажува што значи грижа за главниот град и постојано работи на унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани во градот Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања