Промени тема
Контакт

СДСМ: Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски, кон успехот да се приклучат сите кои се за ЕУ и НАТО без разлика на партиската припадност, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

— реклама —

„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион, Христијан Мицкоски се спречени во намерите да ја закочат македонската иднина. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и остануваат единствени кои дејствуваат спротивно на наципналните и државни интереси“, се вели во реакцијата на СДСМ.

— реклама —

Партијaта додава дека 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување гласале за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитувале јасно изразената волја на над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 30 септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања