Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ: Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал.... тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов кои 11 години на штета на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Сиљановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски.

Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси, криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите.

— реклама —

Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Бидејќи тоа, според логиката на Сиљановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски очекуваме тоа и јавно да му го соопшти. Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг а Сиљановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник.

Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси кои ги застапува Сиљановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски. Заедно Напред, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања