Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Грижата за земјоделците продолжува, исплатени 106 милиони денари за дополнителна субвенција за килограм предадени јаболка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со реализација на мерките што значат вистинска грижа за земјоделците.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден, исплатени се 106 милиони денари кон 2.100 овоштари по основ на дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25ти декември 2018 година.

— реклама —

Оваа интервентна мерка е донесена со цел да се покријат загубите на овоштарите заради проблемите што се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018, како и и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период.

— реклама —

Паралелно со оваа мерка, се реализираат други мерки и политики што се во интерес на граѓаните.

Распределбата на картичките тече непречено и секојдневно, а досега поделени се околу 34 илјади картички, со вкупна расположлива сума од околу 88,5 милиони денари.

— реклама —

Како одговорна партија продолжуваме се спроведување на мерките што го враќаат достоинството кај земјоделците и го унапредуваат и развиваат земјоделството како клучна стопанска гранка, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања