Промени тема
Контакт

СДСМ и ДУИ 3 години крадат од пензионерите, за сега да го вратат методот кој го укинаа, но не и украдените пари, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„СДСМ и ДУИ 3 години крадат од пензионерите, за сега да го вратат методот кој го укинаа, но не и украдените пари“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат:

„Растот на пензиите согласно просечната плата и трошоците за живот е модел кој беше воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година, и важеше се додека СДСМ и ДУИ не го укинаа во 2018 година.

— реклама —

Откако СДСМ го укина моделот за покачување на пензии на ВМРО-ДПМНЕ пензиите не беа покачени ниту еднаш, а пензионерите изгубија пари, кои требаше да ги добијат како резултат на покачувањето кое ќе се случеше доколку моделот останеше во сила.

— реклама —

Парите кои требаше да бидат наменети за пензионерите владата ги намени за тендери, и непродуктивни расходи. Па така имаше повеќе за Заев, Ковачевски, Каевски, Груби и другите од голтари да станат милионери.

Покачувањето со кое сега СДСМ се фали не е вистинско, и нема да ги надомести украдените пари на пензионерите.

— реклама —

Наместо со половични решенија, СДСМ и ДУИ да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за раст на пензиите за 20%, со тоа реално ќе биде запазен стандардот на пензионерите и ќе биде вистинска помош за нив“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања