Шокантно е што СДСМ се фали со цените на горивата кои се пониски само затоа што паѓаат цените на берзите, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да се фалат дека поевтинуваат горивата на светскиот пазар, што секако не е заради Ковачевски, да ја намалат акцизата за 50%.
Откако СДСМ е на власт, тие ја зголемија акцизата за 13.13 денари. И од тогаш секое литро гориво е поскапо за 13.13 денари, само затоа што така сакале СДСМ и ДУИ.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50% ќе ги намали цените и ќе овозможи граѓаните да имаат гориво по пристојни цени, а индустријата и земјоделците да имаат поевтино производство.
Дополнително земјоделците чекаат и намалување на ДДВ на 0% за вештачките ѓубрива чии цени на берзите рушат рекорди.
Наместо со бркање на дневен популизам владата да донесе реални мерки“, се вели во соопштението