Промени тема
Контакт

СДСМ и ДУИ не ни помислуваат да намалат од своите луксузирања, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Лицемерно е СДСМ да зборува за цената на нафтените деривати, заради тоа што кога цените на нафтата и бензините се качуваа говореа дека тоа е светски тренд на зголемување цената, а кога цената паѓа на светските берзи да се фалат дека тоа е заради таканарачените анти кризни мерки на неспособната влада, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Лицемерно е да се фалат за некаков си швајцарски модел за зголемување на пензиите на пензионерите, кога истата влада предводена од СДСМ и ДУИ им ги скрати пензиите и начинот на зголемување на пензиите во 2018 година.

Лицемерно е СДСМ да зборува за трошење на парите на граѓаните за непродуктивни трошооци, кога јавноста слушна како владата и министрите се луксузирале.

— реклама —

Уште од ноември минатата година знаеле во владата дека ќе има криза, а наместо мерки за стабилизирање на економијата, мерки за компаниите и мерки за заштита на стандардот на граѓаните, тие трошеле пари за кафиња, цвекиња, мебел, жандињери како и перење на коли.

Владата на СДСМ и ДУИ да им одговори на граѓаните зошто во врема на криза потрошиле над 50 илјади евра за кафе, зошто потрошиле над 200 илјади евра за хотелски услуги, 50 илјади евра за режано цвеќе, 40 илјади евра за златен прибор за Димитар Ковачевски.

— реклама —

Исто така да им одговорат на граѓаните зошто потрошиле над 1 милион денари за перење на возила во неколку институции, 400 илјади денари за набавка на жандинери.

— реклама —

За нивниот луксуз, владата потрошила и над 270 илјади евра за набавка на мебел во неколку министерства.

Додека ги советуваат граѓаните да штедат во оваа криза, и додека сите други им се виновни, СДСМ и ДУИ не ни помислуваат да намалат од своите луксузирања. Одговорност за ова ќе има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања