Промени тема
Контакт

СДСМ и ДУИ се тие кои што го блокираат и девалвираат Собранието, посочи опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„СДСМ и ДУИ лажат. Тие се тие кои го блокираат Собранието и го девалвираат. Го претворија законодавниот дом во партиска алатка за нивните интереси. СДСМ и ДУИ кршат деловнички и уставни норми кога ќе им текне и после со манипулативни соопштенија обвинуваат други“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„СЕДУМ МЕСЕЦИ нема пратенички прашања, што значи дека СДСМ и ДУИ ја суспендираа клучната собраниска алатка за контрола на Владата. Дополнително СДСМ и ДУИ блокираат донесување на Декларација за Гоце Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. СДСМ и ДУИ исто така се обидуваат шверцерски да протуркаат измена на закон за наставници со кој се овозможува партизација на образованието преку вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж. Да не зборуваме огромниот број злоупотреби на европското знаменце за закони кои немаат никаква врска со европската регулатива.

— реклама —

Вчерашниот преседан на СДСМ и ДУИ е врвот на нивните недемократски методи. Вчера на 4 минути пред почетокот на пленарната седница вметнаа точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата. Патем ова го направија прекршувајќи деловнички и уставни норми и без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не кочело процеси во Собранието кои се во интерес на граѓаните, но секогаш гласно ќе критикува и ќе блокира закони кои се во интерес само на мафијата на власт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања