Во споредба со претходните избори кои беа локални, ниту владејачката СДСМ, ниту најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ги освојат гласовите кои ги освоиле пред две години. Но најмногу гласови на првиот круг од претседателските, во споредба со локалните од пред две годин и - изгуби СДСМ.
На вчерашните претседателски избори Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и коалицијата, во првиот круг од претседателските избори освои 323.846 односно 42,85 проценти, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, 319.240 односно 42,24 проценти. Блерим Река како кандидат на Беса и Алијанса за Албанците е најголемото изненадување и покрај ниската излезеност кај албанското гласачко тело - тој освои 74.000 гласови.
СДСМ на локалните избори во 2017 година освои 420.522 гласови, иако на тие избори настапи без ДУИ кои освоија 89.724 гласови. За разлика од тогаш, заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ на вчерашните избори освои 323.846 гласа, или речиси 100 илјади гласа помалку или приближно 200 илјади ако се сметаат и гласовите на ДУИ.
Помал број на гласови освојува и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова, во споредба со гласовите кои ги освои партијата на локалните избори во 2017 година. Но таа разлика не е толку изразена. Поточно, 319.240 освои вчера Сиљановска на претседателските избори во споредба со 335.769 гласа кои партијата ги освои на локалните избори пред две години.
Гледано по општини СДСМ најголема загуба има во општина Битола.
Според резултатите објавени на страницата на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг во општина Битола за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска гласаа 17.992 гласачи, додека за кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски гласале 17.766 гласачи.
Разликата помеѓу Пендаровски и Сиљановска од 226 гласа не е голема или не е решавачка во однос на крајниот изборен резултат, но голема е разликата во бројот на освоени гласови на СДСМ на локалните избори во 2017 година кога градоначалничката Наташа Петровска освои дури 31.337 гласови или речиси двојно повеќе од сегашните освоени на СДСМ.
Така на локалните избори во Битола, СДСМ освоила 31.337 гласови, за на претседателските избори паднеана 17.766.
И во втората по големина пелагониска општина Прилеп, има значителен пад на гласовите односно 23.607 на локалните во споредба со 17.101 на претседателските избори.
Изразена разлика во гласовите на локалните и претседателските избори има и во скопските општини.
ИЗВОР: МКД.мк