Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

СДСМ: Исплашен од волјата на граѓаните, Мицкоски јавно излажа дека Словачка нема институции и прави се за да нема избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
foto-4

Исплашен од изборен пораз Христијан Мицкоски продолжува да се однесува крајно неодговорно и незрело.  Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се' само за да не се соочат со волјата на граѓаните.

— реклама —
За Мицкоски, не значат ништо заклучоците од комисијата за заразни болести, ниту пак потврдниот одговор на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, дека е подготвена да го набљудува одржувањето на вонредните парламентарни избори, се вели во соопштението од СДСМ.

Мицкоски отиде до таму, што се дрзна свесно да ја лаже јавноста, кога ја посочи Словачка како земја без функционални институции во времена криза и која сепак ги одложила изборите.

— реклама —

Оваа свесна лага на Мицкоски, ја покажа неговата несериозност, незрелост како политичар, но и потценувачкиот однос кон јавноста и граѓаните.

— реклама —
Словачка, која е земја членка на ЕУ и НАТО одржа парламентарни избори на 29 февруари годинава и има функционален парламент кој одржува сесии секојдневно.

Колку и да не сака, Мицкоски ќе мора набрзо да се соочи со казна на изборите.

— реклама —

СДСМ како одговорна партија, водена од интересите на граѓаните и државата, смета дека токму во овој момент, повеќе од кога било, потребни се функционални институции, активно Собрание, здрав целокупен систем за нов економски развој и пред се, за заштита на здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања