Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

СДСМ: Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови, здравството е на прав пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Укинати се квотите за лекови на рецепт. Исполнето е уште едно ветување од изборната програма на СДСМ, реализирана е уште една клучна мерка од програмата за работа на Владата предводена од СДСМ. Од 1ви октомври, осигурениците можат да го подигнат соодветниот лек кој било ден од месецот во која било аптека. Нема повеќе паника и турканици на почеток на месец кај матичните лекари и во аптеките, се вели во соопштението од СДСМ.

Исто така оваа мерка овозможува поволност, доколку осигуреникот не може сам да го подигне лекот, тогаш друго лице да го подигне во негово име и тоа лице се легитимира со сопствената лична карта или пасош.

— реклама —

На овој начин точно може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои се препишани.

— реклама —

СДСМ досега ги подобри условите во 10тина Јавно-здравствени установи, а следува подобрување на условите во други 34 Јавно-здравствени установи.

— реклама —

Се унапредува целиот здравствен систем, се подобруваат условите во Јавните здравствени установи, растат платите на медицинските работници, се унапредува грижата за пациентите.

Здравството е на прав пат, СДСМ преку реални и конкретни мерки продолжува со грижа за пациентите и унапредување на целиот здравствен систем, велат од СДСМ во своето соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања