Промени тема
Контакт

СДСМ: Издиша хистеријата на антиевропското ДПМНЕ, граѓаните му покажаа на Мицкоски дека сакаат иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zeni-sdsm

Целосно издиша хистеријата заснована на лаги и невистини што ја ширеше антиевропското ДПМНЕ. Едвај 200 членови го поддржаа губитникот Мицкоски. Граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ, се вели во Соопштението од СДСМ кое е  реакција на обраќање на Христијан Мицкоски.

Во продолжение на истото од СДСМ додаваат:

Не му помогна ниту поддршката од неговата вазалска партија Левица, a јавноста вечерва сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство.

Граѓаните добро го знаат игнорантскиот, срамниот однос на ДПМНЕ кон НОБ, АСНОМ и македонските партизани.

— реклама —

ДПМНЕ е партијата која целата своја идеологија ја изгради на погазување на НОБ, на борците, партизаните, на бришење и менување на имиња на улици, булевари и установи именувани по македонски партизани, партија која за време на режимот, ги исфрли на улица живите борци и ги остави без простории, партија која создаде Музеј на жртвите на комунизмот.

Само во Скопје, беа избиршани и преименувани, улицата Стив Наумов, „Мост на револуцијата“, „29 ноември“ и многу други, па дури и пораката на Тито за солидарност од Железничката станица.

Ете тоа е ДПМНЕ.

— реклама —

Мицкоски и неговите приврзаници можат да блокираат колку сакаат, граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата.

Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања