Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ остро реагираше на донесувањето на измените на Законот за јавните набавки, обвинувајќи дека новите законски решенија отвораат простор за корупција, договарање без тендери и намалување на контролата врз трошењето на јавните пари.

— реклама —

Од партијата велат дека владејачкото мнозинство ги изгласало измените и покрај, како што оценуваат, сериозните коруптивни ризици. Особено спорни за СДСМ се зголемувањето на вредносните прагови за набавки под законските прагови и укинувањето на обврската за претходно мислење од Бирото за јавни набавки при одредени постапки со преговарање без објавување оглас.

— реклама —

Од СДСМ предупредуваат и на зголемувањето на надоместоците за жалбените постапки, оценувајќи дека тоа може да им го отежне пристапот до правна заштита на компаниите што сакаат да оспорат одредена набавка.

Партијата претходно поднесе околу 2.000 амандмани со намера да го блокира донесувањето на законските измени. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдеше дека предложените решенија ќе овозможат поголемо трошење јавни средства без тендер и ќе ја намалат контролата врз постапките.

— реклама —

Од друга страна, предлагачот на законските измени образложи дека укинувањето на претходното мислење од Бирото ќе биде проследено со задолжително известување за доброволна претходна транспарентност, како механизам за увид и контрола.

— реклама —

СДСМ, сепак, останува на ставот дека новите законски решенија носат сериозни ризици од корупција и злоупотреба на јавните средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 10 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

slaveski1

(Видео) „СДСМ бара привремена забрана за вршење должности на Трајко Славески и останатите во НБРМ за Алта банка“, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања