„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ: Изненадени сме од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ, дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше уште една  целосно промашена операција и неуспешен обид да наштети на демократските политики на СДСМ и Зоран Заев, овојпат преку нелегални снимки, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Ние од СДСМ и утрово сме изненадени од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ. Дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават?

Ако навистина ги слушнале и ако не биле во бунило, ќе им станело јасно дека објавената содржина не е ништо друго освен потврда на јавните и познати политики на Зоран Заев.

— реклама —

Во аудио разговорите, претседателот Заев јасно и недвосмислено зборува дека е уверен во победата на изборите и дека волјата на граѓаните е неприкосновена, дека граѓанските организации се многу поблиску до демократските отколку до режимските политики, дека нема никаква поврзаност со спомнатиот Чауш и дека бомбите се предадени на СЈО и само на СЈО и дека следува расчистување со криминалот.

Очигледно е дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ одат во корист и за јавна афирмација на добрите политики на Зоран Заев, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања