Ја исполнивме нашата стратешка цел, поставена уште во далечната 1991 година. Станавме дел од најмоќниот безбедносен сојуз во светот.
Како држава поминавме тежок и трнлив пат, се соочивме со низа препреки и предизвици.
Но, со одговорните и успешни политики што ги спроведе СДСМ и претседателот Зоран Заев, успеавме.
Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.
Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда, се вели во соопштението од СДСМ.
фото: Архива