Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ ја обвинува локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за вчерашните поплави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
302066646_5569497746429725_1821588057115862208_n

Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината, вели СДСМ.

„Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предоведена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше.

Над 10.000 домови се поплавени а ЈП водовод не презеде ништо. Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно.

Кризен штаб треба да се формира навреме, да биде подготвен за различни ситуации пред невремето.

— реклама —

Јавните претпријатија треба да ги исчисти и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација.

— реклама —

Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците.

ЈСП Скопје не ги информираше граѓаните за одложените линии, за можностите, ниту ги насочуваше.

— реклама —

На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше.

Со еден збор, целосно потфрлање на кадрите на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се локална власт во Скопје“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања