Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки од своите позиции во советите на АВМУ и НТВ, потребна е департизација и професионализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Република Северна Македонија и оваа година бележи напредок кај слобода на медиумите во извештајот на Репортери без граници. Во споредба со минатата година напредокот на нашата земја е за три позиции. Додека пак во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година, имаме подобрување од 19 места. Во 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Спроведените реформи, демократското владеење, почитувањето на човековите права и слободи, придонесоа за напредок на нашата држава во однос на слободата на медиумите.

— реклама —

Секако дека има уште предизвици и треба да се продолжи со реформите и со постојано унапредување на медиумските слободи.

Репортери без граници во своите извештаи како проблем редовно го издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според Извештајот на оваа организација, се уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
Критика за работата и потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја.

ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше  изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.

— реклама —
ВМРО-ДПМНЕ е последниот кочничар на медиумските реформи и последен столб на остатоците од груевизмот.

Ги повикуваме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и да се отворат вратите за нивна целосна професионализација.

Потребно да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ.

— реклама —

Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата. Реформите мора да продолжат во интерес и на државата, на граѓаните, но и на медиумите, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања