„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СДСМ како ВМРО-ДПМНЕ: Се прават списоци со членови кои мора да одат во Крушево за Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mars-ilinden

Се е подготвено за прославата на најголемиот национален празник Илинден кој годинава се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“. Но, дали има интерес од граѓаните да присуствуваат на настанот.

— реклама —

Дознаваме дека веќе неколку дена се прават списоци со партиски членови од СДСМ кои мора да присуствуваат на прославата. Ваков налог добиле локалните самоуправи кои своите вработени, но и вработените во Јавните претпријатија треба да ги наговорат дека мора на 2 ри август да бидат во Крушево. За да се тече беспрекорно, организирани биле и автобуси од сите општини. Но, дали колку вработените ќе бидат послушни останува да видиме.

Инаку Владата ја објави програмата за прославата во Крушево. Истата ќе започне вечерта на 1 август на Гумење со церемонија за започнување на „10 дена Крушевска Република“ која ќе биде заокружена со богата музичка програма.

— реклама —

Свеченото одбележување на 116-годишнината од Илинденското востание и 75-години од Првото заседание на АСНОМ продолжува на 2 август, кога на Мечкин камен ќе биде одржана Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август, Илинден.

На свеченоста ќе се обрати Зоран Заев, по што е предвидена свечена културно-уметничка програма.

Но покрај оваа Владина прослава, годинава на истото место ќе има уште една. Иницијативниот одбор за македонската прослава на Мечкин Камен најавува паралелна прослава на националниот празник Илинден на 2 август.

На Мечкин Камен ние Македонците ќе имаме своја бина, свое озвучување, своја програма, свои настапи, пишува во објавата во која уште се вели: “Нема да бидеме дел од прославата на северџаните туку ќе ги исвиркаме”.

Во другиот дел од објавата, пишува:

“Затоа ве повикуваме да дојдете во што поголем број со знамињата македонски, не со вентилатори. Со себе понесете и труби и разни свирчиња. Инаку свирчиња ќе се поделат и на Мечкин Камен. Не наседнувајте на било какви провокации и заплашувања, не ни можат ништо. Да ги пречекаме македонските коњаници на наша прослава. Македонија е на Македонците. Никогаш северна , само Македонија Се гледаме на Илинден на Мечкин Камен во 11.00 часот на македонска бина, на македонска прослава”.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања