Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Ќе ја обезбедиме европската иднина на нашите граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„Процесот на носење уставни измени започна, и на собраниската седница се виде дека СДСМ и коалицијата, европската коалиција се за продолжување на европската интеграција на Македонија и дека опозицијата сака да ја блокира европската иднина на земјата“, велат од СДСМ.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Повторно, како и во минатото ДПМНЕ е за блокада на патот на Македонија во европските интеграции, односно зачленување во ЕУ исто како што беше и против зачленувањето во НАТО.

— реклама —

ДПМНЕ и Мицкоски одново дејствуваат против интересите на државата, против подобра иднина на граѓаните. Обидот за блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски“, соопшти СДСМ.

„Тоа, македонскиот народ кој е проверопски оринтиран и сите граѓани кои се за членство во ЕУ нема да го простат. Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.

— реклама —

Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ. СДСМ, заедно со граѓаните и проевропските полиитчки субјекти ќе направи сѐ да ја разбие таа блокада. Во тоа ќе успееме, ќе ја обезбедиме европската иднина на нашите граѓани“, се додава во соопштението на СДСМ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања