Промени тема
Контакт

СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за Маврово Ростуше откако ВМРО ДПМНЕ не собра храброст да излезе, вели Куртовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

За жал ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред вас, пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април, вели Медат Куртовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Маврово и Ростуше

„Знаат многу добро во ВМРО-ДПМНЕ дека ги чека пораз, знаат дека како градоначалник на чело на општината во изминатите години реализиравме бројни проекти во делот на локални патишта, паркинзи, водоводни и одводни мрежи, локални улици и слично.

А можеби тие немаат ниту личност која би се нафатила да биде нивен кандидат.

Ова почитувани сограѓани, е неодговорност на опозицијата кон општината и граѓаните на Маврово и Ростуше. Ним не им е важно општината да биде функционална со целосен капацитет и легитимитет.

— реклама —

Се заблагодарувам на граѓаните на општина Маврово и Ростуше кои излегоа на минатите избори и го дадоа својот глас.

Сакам да се заблагодарам на сите колициони партнери кои се потпишаа и застанаа зад оваа моја кандидатура. Исто така се заблагодарувам и на сите нашинци од дијаспората кои изразија подготвеност да дојдат и да гласаат на повторените локални избори.

Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат.

— реклама —

Јас како одговорен и совесен човек, но и СДСМ како државотворна и одговорна партија на кои на прво место ни се граѓаните донесовме одлука да ја повлечеме нашата кандидатура.

Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни.

— реклама —

Заедно со нашите граѓани, со дијаспората, го чекаме следниот термин за изборно соочување а дотогаш оставаме на Владата да назначи повереник до изборот на нов градоначалник.

Во изминатите четири години покажавме како се работи чесно, одговорно и домаќински во интерес на сите наши сограѓани и затоа СДСМ во Маврово и Ростуше ќе биде победник кога ќе има со кого да се бориме и кога и да се случат локалните избори“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања