Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Клучни 10 позитивни економски показатели и придобивки за граѓаните и фирмите во 2018 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

„По 11 години уназадување и економско осиромашување на граѓаните, во 2018 економијата се продвижи во вистински правец, има стабилен раст, пораснаа и платите, се повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните.

Планот за економски раст ги даде очекуваните резултати. Како клучни 10 позитивни економски показатели и придобивки во 2018 година се издвојат:

— реклама —

1. Раст на економијата во два квартала. Во вториот квартал од 2018 година, економијата односно бруто домашниот производ порасна за 3,1 отсто. Во третиот квартал растот е 3 отсто.

2. Просечната плата се зголеми за 5.7% од почеток на годината. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажува раст на просечната плата и таа изнесува 24.817 денари.

3. Зголемена е миниминалната плата од 9 илјади на 12 илјади денари и важи за сите стопански гранки. 90.000 работници сега добиваат поголема минимална плата.

— реклама —

4. Отворени се нови 14 илјади работни места за граѓаните.

5. Порасна бројот на вработени во индустријата . Во периодот јануари - ноември 2018 бројот на работници во индустријата е зголемен за 6,3 отсто во однос на истиот период од 2017 година.

— реклама —

6. Раст на индустриското производство. Во период јануари – ноември 2018 индустриското производство бележи раст од 5.2% во споредба со истиот период лани.

7. Невработеноста се намали и сега изнесува 20.8 проценсти.

8. Зголемена е финансиската поддршка за земјоделците. Тоа придонесе, оваа година да се постигне највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари за килограм како и највисока откупа цена на грозјето (13.55 денари за вранец а 12.25 за смедеревка).

9. Извозот е за 16% повисок во однос на лани.

10. Повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 18% во однос на минатата година, изнесува 370,7 милиони евра“, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања