Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Конвенцијата на Прогресивна алијанса во Стокхолм - Премиерот Заев е прогресивен лидер за пример

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zaev-1

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со генералниот секретар Љупчо Николовски и со меѓународниот секретар Дане Талески, присуствуваше на Конвенцијата во Стокхолм на Прогресивна алијанса, меѓународно прогресивно движење на 140 партии и организации од 80 дежави во светот.

На Конвенцијата, претседателот на СДСМ и премиер Заев, беше посочен како прогресивен лидер со ретка храброст кој носи одлуки во интерес на својата држава и граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Претседателот на СДСМ, Заев говореше на панелот Мир и безбедност. 

— реклама —

Тој посочи на политиките на искрен дијалог, почитување и трпение како чекори низ коишто без конфликт се постигнати меѓуетничката кохезија во земјата, преку концептот Едно општество за сите и добрососедските односи преку храбрите договори со соседите што резултираат со прогрес на нашата држава.

-Храброст ни е потребна за 'се, и за слобода, и за заштита на животната средина, и за отварање на нови работни места... Храброст денес има на цел Западен Балкан, пријателства се случуваат, рече претседателот Заев. 

— реклама —

На Конвенцијата на Прогресивна алијанса беше констатирано дека прогресивните социјалдемократски идеи се иднината на светот наспроти популизмот, национализмот и радикализмот. Оценето е дека поддржувачите на оваа опција со право може да се горди, не само поради постигнатото, туку и поради решенијата што ги нуди за иднината. Посочено е дека придобивките се вредност на Европа и светот. Нотирано е дека фокусот и во иднина се младите луѓе, социјалниот дијалог, соработката, солидарноста, еднакви шанси за сите, посветеност на животната средина, нови работни места, иновациите.

— реклама —

Прогресивното движење носи оптимизам и реални перспективи на луѓето и развиени општества, констатирано е на Конвенцијата на Прогресивна алијанса, во чијшто Борд од вчера е и СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања