Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

СДСМ: Криминалната ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше проблемот со загадувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Игнорирање на толку важен проблем како аерозагадувањето и  непревземањето никакви акции за негово решавање цели 11 е одлика на несериозност и неодговорност кон граѓаните и животната средина и граѓаните од страна на ВМРО ДПМНЕ. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и денеска покажува иста неодговорност и нема ниту план ниту предлог ниту визија, велат од СДСМ.

„Наспроти овој несеириозен однос, владата предводена од СДСМ, градот Скопје, општините и надлежните институции преземаат континуирани мерки за решавање на проблемот со загадувањето  на воздухот.

— реклама —

Активностите за обновување на уништените зелени површини продолжуваат секојдневно на ниво на сите општини. Како дел од тие акции, Град Скопје и Општина Гази Баба го реконструираа и хортикултурно го уредија Финскиот парк во населба Ченто, на површина од 13 илјади квадрати“, велат од партијата.

— реклама —

Исто така оттаму додаваат дека акции со засадување на дрвја се спроведени на повеќе локации во општините Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Бит пазар како дел од планот на град Скопје за засадување на 130 илјади квадратни зелена површина, што воедно претставува рекорд за една календарска година.

— реклама —

„Зголемувањето на буџетот на град Скопје за заштита на животната средина за 32 проценти, поставувањето на 527 прочистувачи за воздух во 23 средни училишта, зазеленувањето , набавката на 40 нови еколошки автобуси и субвенции за електрични  возила и плински уреди на автомобилите се само дел од мерките кои се спроведуваат со цел решавање на проблемот со загадувањето и чист воздух.

Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции  продолжува со заложбите за поздрава  животна средина и почист воздух за сите граѓани“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања