Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ го урнисаа здравствениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

ВМРО-ДПМНЕ преку лажни наоди и невистини очајно се обидува да внесува неоснована паника меѓу граѓаните, велат од СДСМ.

— реклама —

„Токму погубните криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ го урнисаа здравствениот систем и ги поразија правата на пациентите.

Негрижата кон граѓаните, криминалните тендери и сомнителниот паралелен увоз на лекови придонесе да се загуби довербата на граѓаните кон здравството.

— реклама —

Хаосот што ВМРО ДПМНЕ го создаде во здравството донесе катастрофални последии а резултираше и со над 15 илјади невакцинирани деца да има за само 11 години.

— реклама —

Сега се тоа тоа се менува, со вистински политики на Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство се враќа довербата во здравството, се унапредува здравствениот систем и правата на пациентите.

Епидемијата е под контрола, се увезуваат квалитетни вакцини и лекови. За само еден месец вакцинирани се околу 4 400 деца. Подигната е свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбили.

Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува мерки што се во интерес на граѓаните, што го унапредуваат здравство и ги подобруваат условите за работа на медицинскиот персонал“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања