Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ: Кривични за функционери на ДПМНЕ во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sdsm-koalicija

,,Функционери на ДПМНЕ од Охрид, фатени со рацете во медот, заработија кривични пријави, за злоупотреба на службена положба и јавни набавки.

Кривична пријава доби В.Д. директорот на ЈП Охридски Комуналец Саше Најдески, кој се појавува на фотографии заедно со Христијан Мицкоски, а инаку е близок соработник на градоначалникот на Охрид Пецаков.

— реклама —

Тој и уште три лица како членови на комисијата за јавни набавки ги злоупотребиле и пречекориле дадените службени овластувања и го оштетиле јавното претпријатие Охридски комуналец за сума од 3.304.000,00 денари.

— реклама —

Иако знаеле дека цената на единствената понуда за набавка на булдожер е 5 пати повисока од пазарната вредност, на 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице НЕФИ ИК ДООЕЛ Охрид со што за околу 54.000 евра го оштетиле буџетот на ЈП Охридски Комуналец.

— реклама —

Охридски комуналец неодамна набави препарат на база на алги за 24.000 евра од фирма, чиј сопственик е донатор на ДПМНЕ.

Во ДПМНЕ нема никаква промена.

ДПМНЕ беше и останува симбол на криминал и корупција, злоупотреби на парите на граѓаните" велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања