Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Кукавицата Груевски ќе се врател - Да, ама во затвор, Мицкоски е марионетата која мисли дека му го чува местото во ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gruevski-2

Македонија во среда седнува на своето столче во НАТО, а кукавицата и бегалец од правдата Никола Груевски, го чека неговото столче во ќелија. Успехот на Република Македонија е неговиот најголем пораз, велат од СДСМ.

„Шефот на Мицкоски од Будимпешта, агентот Груевски глуми жртва и патолошки лаже.

— реклама —

Граѓаните, жртвите на Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење кое им одзеде 11 години од животите, одамна го оставија и му кажаа: збогум криминалецу!

Во главата на Груевски има само ликвидации и црни сценарија исто како кај Мицкоски.

— реклама —

Граѓаните слушнаа дека истите зборови на Никола Груевски излегуваат речиси секојдневно од устата на неговиот пион Христијан Мицкоски.

— реклама —

Јасно е, Христијан Мицкоски е марионета која мисли дека му го чува местото на Груевски.

Најголемата казна за Груевски е што му пресуди народот, а сега, на изборите истото го чека и неговата марионета Мицкоски.

Груевски може да ги почне мемоарите, но ќе ги заврши во затвор.

Ќе се врати и ќе одлежи според стандарди, во нашата демократска и напредна земја, членка на НАТО“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања