Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Лицемерниот Мицкоски молчеше кога неговиот шеф тајно поставуваше споменици и кога Скопје го претвораа во град на стиропор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Лицемерието и партиското профитерство беше и останува главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Крајно несериозно и лицемерно е за планирањето на Скопје да зборува некој кој уста не отвори кога Градот го облекуваа во фасади од барок и стиропор, се вели во реакцијата од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

— реклама —

Истиот тој Мицкоски молчеше кога се менуваа фасадите на улица Македонија. Молчеше Мицкоски и за зградата на ЕЛЕМ за време на неговото директорување.

— реклама —

Разликата е огромна. Додека ВМРО-ДПМНЕ узурпираше и ниту еднаш не ги праша граѓаните за мислење, СДСМ е отворена и заедно со граѓаните носи решенија.

ВМРО-ДПМНЕ поставуваа споменици сред ноќ, тајно, а СДСМ работи транспарентно, отчетно и отворено.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане партијата симбол на расипништво. Доказ за тоа се градбите на ВМРО-ДПМНЕ кои чинеа милиони, а денес се распаѓаат.

— реклама —

Наспроти ова расипничко однесување, СДСМ е партијата која покажа како домаќински се работи исклучиво во интерес на граѓаните и на државата. Сѐ што прави СДСМ прави заедно со граѓаните, сѐ што прави СДСМ трае и служи долго,  се вели во реакцијата од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања