Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(СДСМ) Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ лаже дека се намалуваат пензиите, грижата за пениознерите е на прав пат, пензиите растат и ќе продолжат да растат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Во очај и безидејност ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, лицемерие и лажна грижа за граѓаните. Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

11 години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулираше пензионерите, пензиите ги усогласуваше надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори и без никаква логика. Со таквиот однос, создадоа огромна дупка во Фондот за пензиско осигурување.

Денес, пензиите се усогласуваат согласно Закон, два пати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со безидејност и лицемерие.

Денес, грижата за пензионерите е на прав пат, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања