Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Македонија го добива своето место во НАТО, се остварува децениски национален интерес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-odgovornost

Македонија денеска го добива своето место во НАТО. Седнуваме на своето столче, на масата во НАТО-Алијансата.Земјите членки на НАТО денеска го потпишуваат Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, соопшти СДСМ.

— реклама —
— реклама —

Според партијата, станува збор за историски чин и историски успех за нашата земја и сите наши граѓани. ,,По години изолација, уназадување и неизвесност, Македонија седнува на иста маса со државите од демократскиот свет.Влегувањето на Македонија во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но носи и значителни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.

— реклама —

Потпишувањето на Протоколот е признание за напредокот во реформскиот процес, визионерството, решителноста, успехот во меѓународната политика, решавањето на отворените прашања и градењето пријателства со соседите и целиот демократскиот свет од страна на Владата предводена од СДСМ", се додава во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања