Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Местото во НАТО ја гарантира безбедноста и носи инвестиции, економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Со потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, нашата држава конечно го го добива своето место во најголемиот безбедносен сојуз во светот, велат од СДСМ.

„Тоа е остварување на врвните национални и државни интереси. Загарантирана е безбедноста, заштитени се границите.

— реклама —

Но освен безбедносните аспекти, влезот во НАТО позитивно влијае и врз економијата. Тоа е можност за нови инвестиции, нови работни места и зголемена конкурентност на македонската економија.

Напредокот на Македонија во интегративниот процес и успехот на економските политики на Владата предводена од СДСМ веќе даваат резултати.

— реклама —

Последните податоци од Државниот завод за статистика, покажуваат раст извозот во 2018 бележи од 21,8 отсто во однос на 2017 година.

Податоците за трговската размена, покажуваат дека по Германија, Македонија најмногу тргувала со соседна Грција што докажува дека решавањето на 27 годишниот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка меѓу двете земји.

Растат платите, растат инвестициите и индустриското производство, а невработеноста опаѓа

По влезот во НАТО и придвижувањето на интеграцијата во ЕУ, овие параметри дополнително ќе се интензивираат, што ќе значи силна економија, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања