Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Мицкоски да не молчи туку да ги повика роднините од ЕЛЕМ турс и јавната администрација да се повлечат од работните места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Борбата против партизацијата на државните институции и царувањето на непотизмот кои што со децении беа пракса која што ја спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ продолжува, се вели во соопштението од СДСМ.

СДСМ заедно со граѓаните работи во насока конечно да се променат работите во нашето општество и се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото.

— реклама —

Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа членови на семејствата на претставници на СДСМ.

Тие што ги преполнија државните институции со партиски кадри и роднини, ВМРО-ДПМЕН, молчат.

— реклама —

Наместо да молчи Христијан Хидро Мицкоски да ги повика роднините вработени во државни компании и јавната администрација од морални причини.

Мицкоски да го повика неговиот прв братучед Горан Манасиевски да се повлече од ЕЛЕМ турс. Граѓаните знаат дека Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ а во оваа компанија вработени се и сопругот на неговата лична партиска секретарка но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет.

Вистинско олицетворение на хидро непотизмот.

Не изостанува ниту вработувањето на неговата сопруга во гимназијата Орце Николов во Скопје. Но , вистински пример за класичен непотизам е самиот Мицкоски , уште во времето кога беше асистент на својот татко на Машинскиот факултет.

Христијан Мицкоски време е да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени за време на 11 години расипничко владеење.

Ако Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат борба против непотизмот треба да започнат од своите редови, нека почне повлекувањето, во име на борбата против непотизмот во нашата земја, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања