СДСМ: Мицкоски да престане да ги истура своте фрустрации врз граѓаните и врз здравствениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

— реклама —
Цела нација се бори со опасен вирус, само Мицкоски се бори за партиски профит. Тој уште еднаш покажа дека го интересираат само лични и партиски интереси, дека воопшто не го интересира здравјето на граѓаните, нивното враќање во татковината, не го интересира како вработените во институциите се справуваат со кризата, не му е важно колкава е пожртвуваноста кај нив, се вели во соопштението од СДСМ.

Мицкоски е заинтересиран само за неговата фотелја во раскошната палата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не сака да чуе ништо за здравјето на македонските граѓани.

— реклама —

Мицкоски треба да се засрами неговото однесување е ниско и неодговорно. Ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал вака во време на криза. Во ниту една земја опозицијата во овие времиња не тера теснопартиска политика. Само ВМРО-ДПМНЕ секој ден продолжува со партиски препукувања и обвинувања, без ниту еден факт или доказ за изнесените клевети.

— реклама —

Граѓаните, јавноста, го ценат ваквото однесување на Мицкоски кој се профилира како главен антидржавен и антинароден протагонист.

Кога веќе не е способен да помогне, Мицкоски да престане да ги напаѓа институциите, да престане да ги истура своите фрустрации, да престане со очајните обиди да профитира во време на општа здравствена криза.

Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, а не борба за твојот политички опстанок, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања