„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ: Мицкоски го чека Груевски од Будимпешта за нов заговор против Македонија-заборавил дека Груевски оди во затвор а тој на изборен пораз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Мицкоски потврди дека го чека својот шеф од Будимпешта за нов заговор против Македонија - заборавил дека Груевски оди во затвор, а тој оди на изборен пораз, велат од СДСМ.

— реклама —

„За Мицкоски членството на Република Македонија во НАТО било историска грешка. Пионот Мицкоски потврди дека е на спротивна страна од народот, на граѓаните, на прогресивните сили, на спротивната страна на целиот демократски свет.

Затоа Мицкоски денеска сакаше да поништи 660.000 граѓани кои гласаа на реферндумот. Не Мицкоски, овој народ не молчи, гласен е, силен, избра иднина, избра НАТО, ЕУ, напредок, развој.

— реклама —

Бадијала се закануваш дека ќе ја назадуваш Македонија. Не Мицкоски, нема да успееш да ја извадиш Македонија од НАТО, тоа е историска и стратешка определба на граѓаните и не зависи од тебе, многу е поголема од тебе.

Антизападниот Мицкоски ја губи поддршката во својата партија. Се рони пратеничката група на Мицкоски, само 33 пратеници се потпошале зад барањето за распуштање на Парламентот.

Македонија во среда седнува во своето столче во НАТО, Мицкоски се плаши за своето расклатено опозициско столче“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања