„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ: Мицкоски ја поскапe струјата за 100 отсто, и ги принуди граѓаните на нееколошко греење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Цели 11 години, погубните и игноратнски политики на ВМРО-ДПМНЕ кое беше фокусирано само на нивно лично богатеење, придонесоа директно на уништување на зеленилото со што проблемот со аерозагадувањето зазема се поголем размер, велат од СДСМ.

— реклама —

„Дополнително, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога и Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100%. Поради скапата струја, Семејствата беа принудени да преминуваат на поевтини и помалку еколошки начини на греење.

Тоа беше директна причина за зголемување на загадувањето на воздухот.

— реклама —

Мицкоски ја поскапе струјата, граѓаните се префрлија на загревање со огев, со што тој носи голема одговорност за зголеменото загадување“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека за разлика од црните 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, денес се преземаат заеднички напори со сите надлежни институции, како на локално, така и на национално ниво преку сет на мерки на краток, среден и долг рок за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

„Интезивно се спроведува проектот за гасификација кој што покрај помали сметки за граѓаните ќе допринесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип, се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, долг 92 километри. Интензивно се работи на гасификација на Скопје, делницата од Тетово до Гостивар но и во другите градови.

Паралално се спроведуваат низа мерки согласно планот за чист воздух, интезивно зазеленување, контрола на депониите и загадувачите, набавка на еколошки автобуси, субвенции за еколошко греење на граѓаните, замена на нееколошките енергенси, еколошки мерки во сообраќајот...

Мицкоски ја поскапи струјата за 100 отсто, ги принуди граѓаните на поевтино и нееколошко греење, СДСМ системски го решава проблемот со загадениот воздух“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања