ВМРО-ОКГ тврди дека Black Cube е „плод на фантазијата“ на СДСМ. Ако Black Cube е наша „фантазија“, тогаш од каде ВМРО има фотографии за кои тврди дека се визи од пасошот на Венко Филипче, прашуваат од СДСМ.
„Дали визите се оригинални и автентични или лажни, fake?
ВМРО-ОКГ веднаш треба да одговори:
• Од каде ви се фотографиите од пасошот на Венко Филипче?
• Кој беше во неговиот дом?
• Кој ги фотографираше?
• Ако велат дека се од Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати – кој освен Black Cube (приватниот Мосад) има пристап до тие податоци со фотографии?
Или визите се лажни, или Black Cube работи директно за ВМРО и Мицкоски. Трета опција нема.
Black Cube кај Мицкоски дојде директно преку неговиот „брат“ Орбан.
Истата фирма која тајно ја снимаше опозицијата во Словенија и Унгарија, фабрикувајќи афери.
Мицкоски, сега е време ти и твојата криминална организација јасно и гласно да одговорите:
Дали визите се вистински или се фалсификат како вашите вести?
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“, се вели во соопштението.