Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски свесно ги прекршил забраните, а структури на Чулев се обиделе да го сокријат, незрелото однесување на ВМРО-ДПМНЕ нема крај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski-1

Новите информации кои излегуваат во јавноста за случајот кога Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата покажуваат дека незрелото и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ не престанува, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Според најновите информации објавени од високи фукционери во МВР, униформирани полицијаци дошле до ресторанот каде седел Мицкоски во обид да го спасат Мицкоски од одговорност.

Во обид најверојатно да го одбрани Мицкоски еден од сопствениците тврдел дека снимачот од безбедносните камери бил украден, но по претресот снимачот бил пронајден.

— реклама —

Ваков степен на ангажираност за да се прикрие тоа дека Мицкоски ги прекршил забраните докажува дека Мицкоски многу добро знаел дека не смеел да биде во затворен дел од ресторан и дека неговото тврдење дека не бил доволно запознаен со протоколите е целосно лажно.

— реклама —
Ова однесување на Мицкоски освен што е незрело и неодговорно, во исто време е и опасно по здравјето на граѓаните. За него поважни се кафеаните и теретаните, отколку јавното здравје.

За таквото негово однесување, одговорност мора да има, а граѓаните ќе ги ценат и судат неговите срамни постапки во време кога сите капацитети се насочени во броба притв коронавирусот,

се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања