Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот - граѓаните не можат да си ги вратат парите од ДДВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryidc5mq6d27m57azsAWC
Скопје1.мк

Опозициската СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе пет дена не функционира целосно, поради што граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност.

— реклама —

Од партијата велат дека и покрај најавите дека системот повторно е ставен во функција, граѓаните и натаму се соочуваат со бројни проблеми при користењето на апликацијата.

„Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според опозициската партија, проблемите со функционирањето на „Мој ДДВ“ не се случајни, туку се последица на, како што тврдат, празната државна каса и неспособноста на Владата да ги сервисира обврските кон граѓаните.

— реклама —

„Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата оценуваат дека нефункционалноста на апликацијата е уште еден доказ за, како што велат, лошото управување со јавните финансии, обвинувајќи ја Владата дека наместо реформи и грижа за граѓаните, нуди нефункционални системи и празни ветувања.

— реклама —

„Граѓаните плаќаат ДДВ, но сега и тоа што им припаѓа назад – нема да го добијат“, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека е потребно одговорно управување и итни реформи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања