Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СДСМ може да го задржи број 1, а ВМРО-ДПМНЕ број 2 на гласачкото ливче, изменет Изборниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Откако се распуштија, па денеска итно се состанаа, пратениците го изменија и Изборниот законик.

— реклама —

На претстојните парламентарни избори на 8 мај, политичките партии кои имаат претседателски кандидати и учествуваа во одредување на редоследот на претседателските кандидати кои ги предложиле или поддржале, ќе може да го задржат иститот реден број.

Со ова, како што беше кажано, се допрецизираат одредбите за определување на редниот број на гласачкото ливче за двата изборни процеси.

— реклама —

„Заради поедноставување на постапката на определување на реден број на гласачкото ливче подносителот на листата на кандидати за претседател на државата ќе може со писмена согласност да дозволи неговиот реден број истовремено да се користи и на гласачкото ливче и за друга листа на кандидати за друг на вид на избори доколку кандидатот, односно кандидатите се поддржани од иста политичка партија или коалиција или користат ист симбол“, рече пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој всушност и ја предложи оваа точката на дневниот ред на седницата.

Другите политичкк партии ќе извршат дополнителни ждребување.

Пред една недела Стево Пендаровски, подржан од СДСМ го доби местото број 1 на гласачкото ливче, двојката Гордана Силјановска Давкова, предложена од ВМРО-ДПМНЕ, бројот 3 Стевчо Јакимовски од ГРОМ, четворката Бујар Османи од ДУИ, Билјана Ванковска од Левица го доби број 5, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ шестката, а Максим Димитриевски, од ЗНАМ е со бројот седум.

Ова е новиот член во Изборниот законик:„ Доколку во ист период се одржуваат повеќе видови на избори, подносител на листа на кандидат/и чиј што реден број на гласачкото ливче е определен согласно став (1) од овој член може со писмена согласност да дозволи неговиот реден број да се користи истовремено на гласачкото ливче и за друга листа на кандидат/и за друг вид на избори, доколку кандидатот/ите се поддржани од иста политичка партија или коалиција и/или користат ист симбол, за што задолжително ја известуваат Државната изборна комисија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања