Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: На државата и се потребни брзи парламентарни избори за уште позасилено да продолжи на правиот пат на реформи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

За само помалку од две и пол години Република Северна Македонија стана модерна, европска држава. Успехот на реформите спроведени од Владата предводена од СДСМ се признаени од целиот демократски свет.  Европската унија направи историска грешка и тоа беше порака на највисоките претставници на ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.

Таквата неправда нема да го поколеба општеството, државата, институциите. Напротив, ќе работиме двојно повеќе за европските вредности, стандарди и реформи да ги донесеме тука. Европскиот сон на македонскиот народ, како и на Албанците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата земја – нема да биде срушен.

— реклама —

Затоа е потребно организирање на брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може. Избори на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат на демократски и европски вредности, патот на развој и просперитет, патот што води напред или а одиме по мрачниот пат на изолација, национализам, поделби и конфликти, односно патот што води назад.

— реклама —

Нема дилеми дека граѓаните уште еднаш ќе ја обезбедат иднината и ќе ги поразат политиките на поделби, деструкција и неодговорно однесување.

— реклама —

Граѓаните се приклучуваат на правиот пат, патот на раст и развој, интеграција, повисоки плати и повисок животен стандард за сите, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања