Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: На годишно ниво бројот на работници во индустријата е зголемен за 5,9 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

„По растот на индустриското производство, уште еден економски показател ја потврдува успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

— реклама —

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работници во индустријата во декември 2018 е зголемен за 2,5 отсто во споредба со декември 2017 година.

— реклама —

На годишно ниво бројот на работници во индустријата во 2018 е зголемен за 5,9 отсто во однос на 2017 година.

Успешните економски политики, реализираните мерки како и зголемената поддршка кон домашните компании придонесоа за намалување на невработеноста на 20,8 отсто.

— реклама —

Со влезот во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ овие параматри дополнително ќе се интензивираат, со интенција невработеноста да опадне на историски минимум под 20 отсто.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за обезбедување нови работни места, зголемени инвестиции, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања