Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: На територија на Град Скопје се реконструираат и санираат најважните сообраќајници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Fevuarski-pohod-rekonstrukcija-4

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов интензивно работат на реконструкција и санација на најважните и најфреквентните коловози во градот. Од денеска започнува реконструкција на мостот „Гоце Делчев“ една од најфреквентните точки во центарот на градот. Во моментов се одвива реконструкција на улицата „Лазар Личеновски“, каде освен реконструкција на коловозот ќе се постават нови рабници и уредување на тротоарите, се вели во соопштението од СДСМ.

По долги години се работи на санација и на западниот влез во градот. Во општина Ѓорче Петров се реконструира улицата Ѓорче Петров во должина од 1500 метри.

— реклама —

Реконструкција се одвива и на улицата „Московска“ во општина Карпош каде претходно беше реконструирана улицата „Љубљанска“ а се изврши и реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улица „Лондонска“.

— реклама —

Во општина Чаир се реконструира улуцата „Лазо Трповски“, а претходно реконструирана беше улицата „Втора Македонска Бригада“ каде беа поставени и велосипедски патеки.

— реклама —

Како никогаш досега се работи на санација на неколку клучни соораќајници во главниот град.

Процесите на реконструкција се завршуваат во рекордно време за не повеќе од 20 денови, со цел сообраќајниците што побрзо да се вратат во нормална состојба, а сообраќајот да се одвива непречено.

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов остануваат целосно фокусирани на унапредување и развој на инфраструктурата на градот.

Зборот важи! Обезбедуваме сигурни и безбедни коловози за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања