Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Над 24 милиони евра за нов систем за наводнување во валандовскиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zemjodelci

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството и вистинска грижа кон земјоделците, велат од владејачката СДСМ.

— реклама —

„Потпишан е договорот за реализација на проектот „Програма за наводнување на јужна Вардарска долина втора фаза“, кој што ќе обезбеди модерен систем за наводнување на земјоделските површини и намалување на трошоците за наводнување за земјоделците од валандовскиот регион.

Инвестицијата во вредност од над 24,3 милиони евра се состои од главна и секундарна мрежа за наводнување во вкупна должина од 85 километри. Со изградбата освен што ќе се намалат трошоците за наводнување, ќе се зголеми и опфатот на површини кои ќе се наводнуваат од новиот систем. Ако досега со системот се наводнуваат околу 1.600 хектари, по реализација на проектот ќе бидат опфатени над 2.000 хектари обработливо земјоделско земјиште.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување на мерките и политиките кои го олеснуваат животот на земјоделците и го развиваат и унапредуваат земјоделството како една од клучните стопански гранки“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања