Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Над 276 илјади граѓани користат домашна платежна картичка, во македонската економија се вбризгани 17,7 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Се потврди и дека концептот на Социјалдемократскиот сојуз, парите назад кај граѓаните, успешно функционира не само во мирни времиња,туку и во време на најголемата светска здравствена и економска криза, истакна Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ, донесени за помош и поддршка на граѓаните, компаниите, економијата воопшто се покажаа како навремени и вистински.

— реклама —

За тоа говорат и бројките, дека преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат домашна платежна картичка.

При тоа, вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги.

— реклама —
Со платежните картички реализирани се над 1,2 милиони трансакции. Или поконкретно, граѓаните ги употребиле картичките најчесто во маркетите  89% , рестораните и храна 5%, текстил, облека, обувки 3%, аптеки 2.3%.

Или поточно, граѓаните најмногу купувале во маркетите и оствариле промет од  982 милиони денари, текстил,облека и обувки 42 милиони, ресторани и храна 30 милиони денари, мебел 12 милиони, аптеки 10.8 милиони, хотели и туризам 3 милиони денари и останато.

— реклама —
Се потврди проекцијата дека домашната платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата, затоа што ја поддржува приватната потрошувачка и домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност и придонесува за безготовинско плаќање што претставува уште еден механизам во борбата против сивата економија.

Поради проширување на листата на граѓани приматели на овие картички, како и позитивен одговор на поднесените приговори, рокот за издавање и достава на домашните платежни картички е продолжен и во текот на оваа недела за граѓаните кои сеуште не ги добиле своите платежни картички.

Овие факти и бројки се уште една голема потврда дека СДСМ отсекогаш била и останува да биде партијата која е на страната на граѓаните, на државата.

— реклама —

Така продолжуваме и во иднина. Со новата Влада предводена од СДСМ уште повеќе и уште подобро со нови и зајакнати политики кои значат подобар животен стандард за граѓаните и стабилна економија.

Граѓаните го препознаа победничкиот концепт на СДСМ кој ја води државата напред и ги носи европските вредности дома, истакна Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања