СДСМ: Најголемата болка на Мицкоски е што парите завршуваат кај граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Ништо ново од губитникот Христијан Мицкоски, тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем секогаш кога парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните, а не во белиот дворец како што беа навикнати цели 11 години.  Денеска, како по навика, на едвај презентирани за помош на граѓаните и економијата, Мицкоски скокна да се буни против четвртиот пакет антикризни мерки, се вели Соопштение за јавност од СДСМ кое е реакција на прес-конференција на Христијан Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски е против 470 милиони евра да завршат како поддршка за работниците, за компаниите, за занаетчиите.

— реклама —

Мицкоски е против мерката за финансиска помош од 14.500 денари месечно со која се спасуваат стотици илјади работни места, Мицкоски е против поддршка на туристичката, угостителската и транспорната дејност.

— реклама —

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се силно против тоа да се зајакне потрошувачката и куповната моќ на пензионерите, на самохраните родители.

Не е ништо ново дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остро се противеа и се уште се противат на мерката Мој ДДВ, само овој пат тоа го засилија со лажни вести дека наводно биле ветувани четири викенди без ДДВ, што никогаш и не се случило.

Мицкоски освен што не знае економија тој се противи на секоја мерка што е од интерес на граѓаните и затоа нека не се чуди зошто губи три пати по ред на избори. Нека не се чуди зошто е во опозиција, со вакво однесување уште долго време ќе остане таму каде што е, се вели во  Соопштение за јавност од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања