Промени тема
Контакт

СДСМ: Пари има за тендери, но нема за 600 евра минимална плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
k15

СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, оценувајќи дека тоа е реална и неопходна мерка за заштита на животниот стандард на работниците, во согласност со јасните барања на синдикатите и актуелните економски услови во државата.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека законот е директен одговор на драматичното влошување на животниот стандард во изминатата година и пол, период во кој инфлацијата, растот на цените на храната, струјата, греењето и основните услуги сериозно ја намалиле куповната моќ, особено кај граѓаните кои живеат од минимална плата.

Според СДСМ, за илјадници семејства минималната плата претставува единствен или доминантен извор на приходи, поради што државата има обврска да обезбеди средства за нејзино зголемување на 600 евра.

— реклама —

„Не може да има пари за криминални тендери, а да се тврди дека нема средства за работниците“, реагираат од СДСМ, наведувајќи низа примери за јавни набавки и договори кои, според нив, отвораат сериозни сомнежи за злоупотреби.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека граѓаните секојдневно слушаат за стотици тендери доделени на поединечни фирми, милионски суми за компании со минимален број вработени, како и за договори склучени со фирми блиски до владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ЗНАМ.

„Ова е изборот на власта – тендер-шеми наместо работници“, велат од СДСМ, додавајќи дека младите масовно ја напуштаат државата, додека Владата паралелно увезува странска работна сила под изговор на недостиг од кадар.

Законот за зголемување на минималната плата веќе е поднесен во Собранието, а од СДСМ порачуваат дека сега јасно ќе се види кој политички субјект застанува зад 600 евра минимална плата за работниците, а кој, како што наведуваат, ги брани криминалните тендери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Две минимални плати не ја покриваат ниту владината кошница, ССМ бара повисоки плати

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pari-1

Македонската плата расте, но европскиот стандард останува далеку

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymde6bdqj4fco6MAD3du

Македонската просечна плата 789 евра: Каква е во споредба со регионот?

Македонија | пред 2 седмици

plta-333

Минималната плата во Македонија меѓу најбрзо растечките во Европа, покажуваат податоците на Евростат

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања