Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Напредокот на земјата се рефлектира и врз напредокот на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Напредокот на земјава во последните 2 години, по децениското уназадување, и успехот во интегративниот процес кон ЕУ и НАТО позитивно влијае и врз економијата, велат од СДСМ.

„Тоа го потврдува и рекордниот износ на странски инвестиции во 2018 година од 624,5 милиони евра.

— реклама —

Паралелно со растот на странските инвестиции расте индустриското производство и извозот, растат платите.

Извозот од индустриските зони во 2018 порасна за 20 отсто и инзесува 2,4 милијарди евра.

— реклама —

Реалните економски политики придонесоа во 2018 година растот на индустриското производство да биде најголем во последните седум години.

— реклама —

Инвестициите обезбедуваат нови и подобро платени работни места. Во 2018 година забележен е пад на стапката на невработеност на 19,4 отсто, додека платите растат во сите сектори.

Спроведувањето на реални економски политики позитивно влијае врз економскиот раст и животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

Членството во НАТО и ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни економски текови, во интерес на граѓаните. Затоа е многу важно да продолжиме по вистинскиот пат по кој тргна нашатата татковина, тоа е патот на интеграциите, на напредокот, на иднината.

Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања