Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Напредокот во интергациите позитивно влијае врз економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Напредокот во евроинтеграциите, процесот на ратифицикација за пристапување и извесното членство во НАТО позитивно влијаат врз економијата, велат од СДСМ

— реклама —

„По години изолација, економска стагнација и неизвосност, државата тргна во вистински правец а економијата е стабилиизрана и раздвижена.

Последен доказ за тоа е податокот за раст на индустриското производство во првите два месеци од годинава. По растот во 2018 година што е највисок раст на индустриското производство во последните седум години, индустријата продолжува да расте и во 2019 година. Растот на индустријата за периодот јануари-февруари 2019 е за 9.6 отсто повисок во однос на истиот период од минатата година.

— реклама —

Истовремено, во 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 што е четири пати повеќе споредено со 2017 година. За само една година отворени се над 26.000 работни места, стапката на невработеност е под 20 отсто што е историски најниско ниво.

Ова се само дел од податоците што покажуваат дека економијата, државата, чекорат напред кон раст и развој и враќање назад нема. Со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе се интензивираат позитивните економски трендови. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, нови инвестиции, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се наведува во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања