Промени тема
Контакт

СДСМ не ја намали невработеноста, туку ја зголеми бројката на иселени, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
271709418_629895324895721_7621861029878834127_n

СДСМ не ја намали невработеноста, туку ја зголеми бројката на иселени, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Од почетокот на пандемијата имаме значајно намалување на активното население (збир од вработени и невработени лица), но затоа бројот на неактивните лица значајно се зголемува. Активното население се намалува за 30.251 лица, при намалување на бројот на вработените за 15.830 и на невработените за 14.421.

Остатокот од вкупното работоспособно население се неактивните лица чиј број е зголеми за 26.878, што покажува дека лицата кои останале без работа и кои биле невработени и пред кризата, сите се префрлаат во неактивни односно не бараат работа. Затоа стапката на активност од 57,4% во првиот квартал на 2020 година се сведе на 55,7% во последниот квартал на 2021 година, додека стапката на невработеност од 16,2% на 15,2%.

— реклама —

Дека се работи за иселување, а не за намалување на невработеноста се гледа и од податок на ЕВРОСТАТ, според кој во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија.

— реклама —

Дополнително загрижува фактот што за намалувањето на вработените е забележано исклучиво во приватниот сектор, каде бројот е намален за 27.996 лица, додека бројот на вработени во субјекти со друга сопственост е зголемен 12.166 лица. Според ДЗС во друга сопственост влегуваат мешовита, задружна и државна сопственост.

Ова зборува дека приватниот сектор со СДСМ на власт умира, се повеќе работни места се затвораат.

— реклама —

Со СДСМ имаме само стагнација, затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања