СДСМ не се промена туку замена на ДПМНЕ, реагира Најчевска и образложи факти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mirjana-najcevska

ФБ статус на професорката Мирјана Најчевска.

— реклама —

СДСМ го изгласа Даштевски за претседател на ДИК. Пуленот на Груевски.

— реклама —

СДСМ носи закони по скратена постапка. По угледот на Груевски..

— реклама —

СДСМ се здружи со ДУИ. Партнерите во криминал на Груевски.

СДСМ ги остави во Уставниот суд судиите кои ги аминуваа криминалите на Груевски.

СДСМ го избра Иџет Мемети во Советот на ЈО. Човекот кој си седеше во фоаје додека Груевски преку својата камарила ги тегнеше пратенците надвор од Собрание.

СДСМ сака да избере нов Народен Правобранител кој ќе ја продолжи традицијата на неделување.

СДСМ не казни никого за бегството на Груевски.

СДСМ ги заштити градбите од Скопје 2014.

СДСМ ја продолжи од Груевски воспоставената пракса на озаконување на дивоградбите, уништување на животната средина, уништување на јавниот сектор, партизација на администрацијата, зголемување на администрацијата, клиентелизам, популизам, депрофесионализација, ...

Не се случи промена туку замена.

Дел од граѓаните се задоволни од замената.

Дел од граѓаните сакаат нова замена.

На прсти се бројат оние кои сакаат промена, напиша Најчевска на ФБ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања